Зеленски по средбата со Трамп: Ви благодарам, ова може да е историска средба

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски се сретнаа за време на погребната церемонија на папата Франциск во Ватикан и одржаа краток состанок.

„Се надеваме на резултати во сè што опфативме. Заштита на животите на нашите луѓе. Целосен и безусловно прекин на огнот. Сигурен и траен мир што ќе спречи избувнување на уште една војна“, рече Зеленски и додаде:

„Многу симболичен состанок кој има потенцијал да стане историски, ако постигнеме заеднички резултати. Ви благодарам.“

Двајцата пред разговорот се сретнаа со британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон.

Американскиот претседател ја напушти Италија со сопругата Меланија кратко по погребот на папата Франциск во Ватикан и се упати кон Америка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите лансираа нуклеарна подморница, го носи „оружјето за судниот ден“

(ВИДЕО) Дел од кулата во Колосеумот во Рим се урна: Маж заробен под урнатините

Предраг Петровиќ

Трамп вели дека деновите на Мадуро се избројани

Хорор во Велика Британија: Девет лица избодени во воз, здобиени со животозагрозувачки повреди

Предраг Петровиќ

Порака од Русија: Во моментов нема потреба Путин да се сретне со Трамп

Трамп нареди подготовки за напад

Предраг Петровиќ