Астролог најави нов земјотрес и заврши во затвор

Од:

Властите во Мјанмар го уапсија астрологот Џон Мо поради предизвикување паника со предвидување на уште еден земјотрес во вирално видео на TikTok.

Мо го објави своето предвидување на 9 април, само две недели откако земјотрес со јачина од 7,7 степени по Рихтер уби 3.500 луѓе и уништи вековни храмови во земјата, објави Би-Би-Си.

Тој беше уапсен во вторник поради давање „лажни изјави со намера да предизвика општа паника“, соопшти Министерството за информации на Мјанмар.

Мо предупреди дека земјотрес „ќе ги погоди сите градови во Мјанмар“ на 21 април, додека експертите рекоа дека земјотресите е невозможно да се предвидат поради сложеноста на факторите вклучени во ваквите катастрофи.

Во видеото, кое е прегледано повеќе од три милиони пати, Џон Мо ги повикува луѓето да „земат важни работи и да избегаат од зградите за време на тресење на земјата“.

Тој тврдел дека прави предвидувања врз основа на астрологија и хиромантија.

Тој беше уапсен за време на рација во неговиот дом во Сагинг, централен Мјанмар.

Би можело да ве интересира

Макрон на историски минимум: поддршката падна на само 18 отсто

ВИДЕО: Страшни снимки од авион: Пилот лежи во локва крв, патниците го совладаа напаѓачот

Предраг Петровиќ

По повеќе од две децении и 4.500 загинати Американци: Утре и последниот американски војник треба да го напушти Ирак

Русија предупреди: Секој напад на Калининград од Британија или НАТО ќе биде одвратен со сите средства, вклучително и нуклеарно оружје

Откриен планот на Трамп за Русија

Предраг Петровиќ

Укинат имунитетот на унгарскиот премиер Петер Маѓар

Предраг Петровиќ