Само мал дел од парите кои владата на ДПМНЕ ги заѕида во Скопје 2014 можеа да го спасат животот на едногодишната Ева и на слични случаи за кои се бараат донации од граѓаните и со тоа директно би ги промениле човечките судбини“, реагираат од ВМРО-НП.
„Министре Тодоров ве прашуваме зошто Вие и вашата Влада потрошивте 250 000 евра за само 3 врби и експресно потрошивте дополнителни 80 000 евра за да ја замените исушената врба со нова,а редовно одбивате да реагирате кога некому му се потребни финансиски средства за операција. Ваша уставна должност и законска обврска како Министер за здравство е да се обидете да го спасите секој човечки живот без разлика на цената“, вели Билјана Јовановска.
ВМРО-НП бара Фондот за здравствено осигурување веднаш да обезбеди финансиски средства потребни за операција на малото девојче и на сите останати кои во моментов не можат да се оперираат поради недостиг на финансиски средства.
„Не дозволувајте да згаснуваат штотуку започнати животи кои треба да бидат иднината и светлината на оваа држава.“, вели Јовановска