Хаос во Пентагон: Протекуваат информации, а важни функционери си заминуваат

Од:

Шефот на кабинетот на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет ја напушта својата позиција, изјави синоќа висок функционер, додека продолжуваат превирањата во одделот оптоварен со протекување информации и серија заминувања.

Ова е најновото заминување на вработен во Пентагон кој е во криза откако кон крајот на март беше откриено дека секретарот учествувал во безбедносен пробив преку апликацијата „Сигнал“.

Џо Каспер, кој ќе престане да работи заедно со Пит Хегсет, сепак ќе продолжи да го советува Пентагон на поинаква основа, што ќе му овозможи да работи за одделот до 130 дена во годината.

Минатата недела, уште тројца високи функционери беа отпуштени откако беше отворена внатрешна истрага.

Тројцата службеници, Дарин Селник, Ден Колдвел и Колин Керол, одговорија дека сè уште не биле информирани за точната причина „поради која биле отпуштени“ или „дури и дали имало соодветна истрага за „протекувањето“ на информации“.

Министерот за одбрана Пит Хасет, поранешен водител на „Фокс њуз“, беше критикуван откако во март сподели класифицирани информации преку системот за пораки „Сигнал“ во групен разговор во кој беше вклучен и новинар кој по грешка беше вклучен.

Хегсет, според извештаите во медиумите, ги споделил истите информации и со членовите на своето семејство.

Џон Улиот, краткотрајниот портпарол на Пентагон на почетокот на мандатот на Хегсет, опиша „месец на тотален хаос“ во Министерството за одбрана на САД.

„Политико“ пишуваше за еден месец создаден е целосен хаос во Пентагон, од протекување на чувствителни оперативни планови до масовни отпуштања, истакнувајќи дека нефункционалноста на одделот сега почнува да го оптоварува американскиот претседател Доналд Трамп, кој, како што наведува порталот, „заслужува подобро од неговото високо раководство“.

Би можело да ве интересира

Нов сканадал: Хегсет сподели воени планови на Сигнал

ВИДЕО: Подготвени сме да го нападнеме Иран, порача американскиот секретар за одбрана

Пентагон размислува за повлекување на илјадници војници: Европа е загрижена за плановите на Вашингтон

Хегсет: Америка ги суспендира операциите против Русија

Администрацијата на Трамп ја забрани мојата прва книга, вели холивудската актерка Џулијана Мур

А1он

Хегсет: Со нетрпение очекуваме да работиме со сојузниците