Кличко: Украина би можела да биде принудена да се откаже од територија за да има мир

Од:

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави за Би-Би-Си дека Украина би можела да биде принудена да се откаже од делови од својата територија како дел од мировниот договор со Русија, наводно поради зголемениот притисок од американскиот претседател Доналд Трамп да прифати територијални отстапки.

„Едно од сценаријата е да се откажеме од територија. Тоа не е фер. Но, за мир, привремен мир, можеби тоа би можело да биде решение, привремено“, рече Кличко.

Сепак, поранешниот боксер нагласи дека украинскиот народ „никогаш нема да ја прифати руската окупација“.

Неговите зборови дојдоа неколку часа по рускиот ракетен и беспилотен напад врз Киев, во кој загинаа 12 лица, а повеќе од 90 беа повредени, во она што медиумите го оценија како еден од најсмртоносните напади на руските сили врз украинскиот главен град во последните месеци.

Во разговор за Би-Би-Си од својата канцеларија во центарот на Киев, Кличко истакна дека е „одговорен за главниот град на Украина“, кој го опиша како „срце“ на земјата разурната од војна.

Кличко додаде дека претседателот Володимир Зеленски би можел да биде принуден да донесе „болна одлука“ за да постигне мир.

На прашањето дали Зеленски разговарал со него за можно решение, Кличко одговори дека не.

„Претседателот Зеленски го прави тоа самиот. Тоа не е моја функција“, додаде тој.

Кличко и Зеленски се политички противници, истакнува Би-Би-Си. Градоначалникот постојано ги обвинува претседателот и неговиот тим дека се обидуваат да го поткопаат неговиот авторитет.

Би можело да ве интересира

Руте: Украина ќе мора да ја прифати руската контрола врз делови од нејзината територија

„Телеграф“: Украина би можела да се согласи на прекин на огнот и да отстапи територија

(ВИДЕО) Трамп: Ќе се сретнам со Путин, одам во Русија во петок

Кличко: Зеленски ќе мора да донесе тешки одлуки во врска со териториите

А1он

Експлозии во Одеса – тројца загинати додека пливаа во забранета зона

А1он

Европските лидери со заедничка изјава за Украина: Дипломатско решение мора да ги заштити клучните безбедносни интереси

А1он