Песков: Русија е посветена на продолжување на мировните напори за украинскиот конфликт

Од:

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија е посветена на продолжување на мировните напори во врска со украинскиот конфликт, но дека секој договор мора да ги земе предвид руските интереси.

Песков нагласи дека Москва ги цени посредничките напори на САД, со кои го продолжува дијалогот преку различни канали, пренесе РИА Новости.

„Ние и претседателот (на Русија) Владимир Путин сме за мир, но со почитување на нашите национални интереси. Тоа е задолжителен услов“, изјави Песков за новинарите.

Тој додаде дека Русија продолжува да соработува со САД и ја цени нивната улога во преговарачкиот процес.

Зборувајќи за потенцијалниот мировен план што, според извештаите на медиумите, планираат да го предложат САД, а кој вклучува и признавање на Крим како дел од Русија во замена за безбедносни гаранции за Украина, Песков не сакаше да ги коментира објавените информации, но рече дека изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека „Крим одамна е изгубен“ се во согласност со руската позиција.

Песков потврди и дека продолжуваат контактите со специјалниот пратеник на американскиот претседател Стив Виткоф, но дека се уште не е потврден точниот датум на следната средба.

„Ќе ве информираме дали и кога ќе има нови контакти меѓу претседателот и господинот Виткоф. Нема да криеме ништо. За се ќе бидете информирани“, им рече Песков на новинарите.

Во однос на безбедносните прашања, Песков оцени дека распоредувањето на војници на НАТО во Украина е неприфатливо за Русија и претставува сериозна закана за европската и глобалната стабилност.

Зборувајќи за ситуацијата на теренот, Песков изјави дека завршил Велигденскиот прекин на огнот и дека украинската страна не го почитувала договорот, поради што руските вооружени сили продолжуваат да ги извршуваат задачите што им ги доделил врховниот командант.

Тој, исто така, потврди дека планираниот состанок на високо ниво за Украина во Лондон е одложен поради несогласувања меѓу учесниците, додавајќи дека во тек е консултативен процес, но дека немало никакви преговори.

„Колку што разбравме, имаше стручни консултации во Лондон, бидејќи таму немаше преговори, гледаме дека има проблеми во усогласувањето на ставовите, што доведе до промена на плановите за одржување средба на повисоко политичко ниво во Лондон“, изјави Песков за новинарите.

Тој потсети дека употребата на нуклеарно оружје е прецизно дефинирана во руската нуклеарна доктрина и ги отфрли шпекулациите на оваа тема.

Би можело да ве интересира

Враќање во Студената војна: Русија распоредува ракети со краток и среден дострел

(ВИДЕО) Украина: Уништивме еден борбен руски авион Су-30 и оштетивме уште четири авиони

Горан Наумовски

Русија премести најмалку четири тешки нуклеарни бомбардери Ту-95МС поблиску до Европа

Горан Наумовски

Медиуми: Зеленски се подготвува да си замине од функцијата

Руски напад врз Запорожје, има мртви и повредени

Орбан предвиде кога ќе заврши војната во Украина