Европската унија ги потсети Вучиќ и Фицо дека не треба да одат во Москва на прославата на 9.мај

Од:

Прославата на Денот на победата во Москва е дел од руската пропаганда и обид да се оправда инвазијата на Украина, затоа членките на Европската унија и земјите кандидати треба да се воздржат од присуство на настанот, изјави денеска портпаролката на Европската комисија (ЕК).

„Празнувањето на 9 мај го гледаме како дел од руската пропаганда и обид да се оправда нејзината инвазија на Украина и затоа веруваме дека треба да се воздржиме од давање легитимитет на кој било начин на оваа војна и да се воздржиме од присуство на таа прослава“, рече портпаролката Пола Пињо на прес-конференција.

Таа додаде дека тоа не важи само за земјите кандидати, туку уште повеќе за членките на ЕУ кои се договориле за таква позиција уште во 2022 година.

Словачкиот премиер Роберт Фицо и српскиот претседател Александар Вучиќ најавија дека ќе учествуваат на прославата во Москва.

Портпаролот за проширување Гијом Мерсие рече дека Србија треба да ја потврди својата стратешка насока. „Европската унија беше кристално јасна со нашите партнери, вклучително и земјите кандидати како Србија, дека односите со Русија не можат да бидат деловни како и обично“, рече Мерсие.

На прашањето дали ќе има некакви последици за Србија, тој рече дека во овој момент е рано да се шпекулира.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Пицула е кретен кој зборува често, кратко и глупаво

А1он

Вучиќ: Не сакам засега да објавувам кога ќе се одржат изборите

А1он

За жал, некои од вас ќе остана без одмор – предупредување за Европејците

Брисел деблокира 90 милијарди за Киев: Каја Калас ги објави клучните одлуки во Луксембург

Вучиќ: Секој обид да се посочат страдањата на Србите се толкува како пресврт на минатото

А1он

Конаковиќ жестоко ја критикуваше Србија: Криете криминалци, Вучиќ го пречекува осудениот Додик и ѝ се заканува со војската