Го задржуваме правото да одговориме со нуклеарно оружје доколку Западот не нападне, порачува Шојгу

Од:

Русија го задржува правото да користи нуклеарно оружје во случај на агресија од западните земји, изјави денеска во интервју за државната новинска агенција ТАСС, високиот функционер за безбедност на Москва, Сергеј Шојгу.

Шојгу ја даде оваа изјава откако американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс предупредија дека Вашингтон може да се откаже од обидот да преговара за мировно решение во Украина, доколку наскоро нема напредок во договорот.

Откако ја презеде функцијата во јануари, Трамп ја смени американската политика кон тригодишната војна, вршејќи притисок врз Украина да се согласи на прекин на огнот, истовремено намалувајќи го притисокот врз Русија.

Шојгу, кој беше министер за одбрана на Русија повеќе од една деценија до реконструкцијата на кабинетот минатата година, на чело на моќниот Совет за безбедност, ги наведе амандманите на нуклеарната доктрина на Москва, одобрени од претседателот Владимир Путин во ноември минатата година.

Според новите услови, Русија би можела да размисли за нуклеарен напад како одговор на конвенционален напад врз Русија или нејзиниот сојузник Белорусија што „ќе создаде критична закана за нивниот суверенитет и (или) нивниот територијален интегритет.

„…во случај странските земји да извршат непријателски дејствија што претставуваат закана за суверенитетот и територијалниот интегритет на Руската Федерација, нашата земја смета дека е легитимно да преземе симетрични и асиметрични мерки неопходни за да се потиснат таквите акции и да се спречи нивното повторување“, рече Шојгу.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Виткоф му рече на Путин дека е хуманитарец

Рускиот дизел утре тргнува за Америка

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

ВИДЕО: Руски дрон се заби директно во зграда во Киев, има жртви и повредени

Катерина Ѓуровски

Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден да не беше еден многу глупав руски генерал

Виткоф се среќава со Путин во Санкт Петербург

Катерина Ѓуровски