Кривична пријава против едно лице за предизвикување шумски пожар

Од:

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ж.Н.(36) од селото Горни Липовиќ, поради постоење основано сомнение дека пријавениот ги сторил кривичните дела „предизвикување општа опасност“ и „предизвикување шумски пожар“.

Пријавениот по приведувањето потврдил дека ги предизвикал пожарите, притоа наведувајќи дека се лекувал во Душевната болница Негорци.

Како што информира МВР, вчера во 11:30 часот во СВР Струмица жител од селото Едрениково пријавил дека околу 10 часот избувнал пожар на сува трева од околу 1 метар квадратен, непосредно до оградата на дворот на индивидуална куќа која се наоѓала на почетокот на Едрениково. Веднаш по забележување на пожарот тој бил локализиран, а во тој момент бил забележан пријавениот Ж.Н. како со себе носи две запалки и се упатува кон селото Градошорци.

Известена е Полициската станица од општа надлежност – Струмица, по што на местото дошле полициски службеници кои го привеле лицето. Од страна на СВР Струмица формирана е увидна екипа и заедно со службено лице од Дирекцијата за заштита и спасување извршени се увиди на веќе локализираните пожари.

Пожарoт во кој е изгорена нискостеблеста шума на површина од околу еден декар во месноста викана „Бресто“, во атарот на село Едрениково, бил предзивикан од пријавениот со палење на ѓубриштето што се наоѓало од левата страна на патот од Едрениково кон селотоТрибичино.

Локализиран е пожарот во месноста викана „Мирковец“, во кој е изгорена нискостеблеста шума на површина од околу 15-20 хектари, како и 80 стебла од лозје, старо околу 25 години и околу 70 стебла на вишни стари, околу пет години.

Пожарот во месноста викана „Ченена скала“ во атарот на село Трибичино кон село Варварица, од страна на ТППЕ вчера не е локализиран поради непристапниот терен и од страна на Дирекцијата за заштита и спасување – Струмица известен е Центарот за управување со кризи заради преземање мерки за негово локализирање.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Пламнал пожар во празен автобус на ЈСП

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Старец изгоре во пожар во селото Стримница

Катерина Ѓуровски