Кејт Мидлтон и принцот Вилијам годишнината од бракот ќе ја прослават во Шкотска – земјата во која се заљубија

Од:

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ќе ја прослават 14-годишнината од бракот на 29 април и планираат емотивно патување за да ја одбележат оваа прилика поминувајќи го во северозападниот дел на Шкотска, земјата во која се заљубиле.

Вилијам и Кејт патуваат во Шкотска каде што ќе остварат серија посети во текот на два дена.

Нивната посета, која има за цел да им оддаде почит на руралните области, занаетчиите и земјоделците, ќе започне на 29 април на островот Мул, во Тобермори. Двојката ќе ја посети куќата на локалниот совет што служи како центар на заедницата, како и пазар на производители, каде што ќе пробаат локална храна и ќе се сретнат со занаетчии.

Тие, исто така, ќе ја искористат оваа можност да започнат партнерство помеѓу Кралската фондација и локалната заедница за поддршка на два заеднички простори на Мало, остров со околу 3.000 жители, кој може да се пофали со богата традиција на туризам, земјоделство и риболов. Во западниот дел на островот, Вилијам и Кејт планираат да посетат локална фарма, за да дознаат повеќе за одржливото земјоделство што се практикува таму и за традицијата на гостопримството на островот.

На вториот ден од посетата, парот ќе помине време со конзерваторите од Сервисот Мул и Јона. Таму, Вилијам и Кејт, заедно со група локални ученици, ќе учествуваат во учење на отворено во древната атлантска прашума.

Подоцна, кралската двојка ќе учествува во активност со групата Ardura Acorns, која е една од ретките групи за учење на отворено за деца од предучилишна возраст на островот, што е во согласност со работата на принцезата Кејт, која е посветена на помагање на децата на возраст до 5 години.

Ова е прва официјална посета најавена за кралската двојка по велигденските празници, кои ги поминаа со своите деца принцот Џорџ (11), принцезата Шарлот (9) и принцот Луис, кој утре полни 7 години.

Би можело да ве интересира

Се разведуваат ли принцот Вилијам и Кејт Мидлтон?

А1он

(ФОТО) Принцот Вилијам во тенк близу границата со Русија

А1он

И принцезата носи ист капут четири години – Кејт Мидлтон се појави во класичен модел кој не излегува од мода

А1он

(ВИДЕО) Кејт Мидлтон ги откри потресните зборови на принцот Луис по смртта на кралицата

Принцот Вилијам објави емотивно обраќање за кралицата

Кејт Мидлтон прва принцеза од Велс после покојната Дијана

Горан Наумовски