Принц Вилијам: Не ја наследив љубовта кон фудбалот од мојот татко, тој го мрази

Од:

Принцот од Велс – Вилијам е познат како фудбалски фан и страстен навивач на клубот Астон Вила, но ова не го наследил од својот татко, кралот Чарлс III.

„Апсолутно не. Мојот татко го мрази фудбалот“, рече принцот Вилијам во подкастот „Њу Хајтс Американ“, кој го водеа легендите на американскиот фудбал Тревис и Џејсон Келс.

„Моето семејство нема особено долга врска со фудбалот“, додаде Вилијам (44), велејќи дека „само неколкумина од нас навиваат за одредени клубови“ и дека се заљубил во Вила благодарение на неговите школски другари.

„Кога растеш, не можеш да избегнеш да зборуваш за фудбал, тој е насекаде. А моите школски другари ме однесоа на првиот натпревар“, рече тој.

Принцот од Велс е покровител на Англиската фудбалска асоцијација и редовен посетител на меѓународните натпревари.

Тој го даде интервјуто по победата на Англија над Хрватска на Светското првенство.

На прашањето што би го сметал за успех на Англија на Светското првенство, Вилијам со смеа одговори „победа на турнирот“ и додаде дека дефинитивно би отпатувал во САД доколку англиската репрезентација игра во финалето на 19 јули во Њу Џерси.

Би можело да ве интересира

Принцот Вилијам стана милијардер: Тој е побогат од кралот Чарлс

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам продава петтина од кралскиот имот

А1он

Вилијам и Кејт не дозволуваат нивните деца да имаат мобилни телефони

А1он

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам годишнината од бракот ќе ја прослават во Шкотска – земјата во која се заљубија

А1он

Се разведуваат ли принцот Вилијам и Кејт Мидлтон?

А1он

(ФОТО) Принцот Вилијам во тенк близу границата со Русија

А1он