Левица: Приватизација на културното наследство е закана за идентитетот

Од:

Во очи на светскиот ден за заштита на културното наследство, 18 април, министерот за култура Зоран Љутков изјави дека планот на владата на ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ е да го приватизира културното наследство, што ќе рече да даде на приватниот капитал да ни ја раскажува историјата, да ни го обликува идентитетот. Зборовите на Љутков на дело беа покажани уште наредниот ден кога во јавноста одекна дека Општина Штип го продала хотелот „Гарни“, заштитен споменик од прва категорија, за 250.000 евра на фирмата „Памвеј инвест“, откако претходно и бил понуден на државата, а државата се откажала.

Љутков наговести измени во Законот за заштита на културно наследство со кои ќе се овозможи владините институции да го префрлат управувањето, а со тоа и економската експлоатација на културното наследство на приватни бизниси. Или, како што истакна „решението за тридеценискито неефикасно претставување на културното наследство е да се дозволи приватни фирми од него да прават бизнис“. Со ваквите измени она што е по дефиниција заедничко и заштитено јавно добро ќе го претворат во производ од кој ќар ќе имаат мала група бизнисмени и олигаси, а културните добра ќе станат уште понедостапни за народот.

Левица бара Љутков и ДПМНЕ да не си играат со културното наследство заради задоволување нечии апетити. Наместо приватизација, треба да се вложуваат ресурси во заштита, дигитализација и промоција на културното наследство преку јавни политики, соработка со експерти и вклучување на заедниците. Алтернативи како јавно-приватни партнерства со строго дефинирани услови може да бидат компромисно решение, но секогаш под надзор на релевантни институции.

Културното наследство не смее да се третира како пазарна стока. Неговата вредност не е економска, туку цивилизациска. Приватизацијата, во својата суштина, претставува закана за идентитетот, колективната меморија и културната автономија на едно општество, реагираат од Левица.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови