ВИДЕО: Објавена нова снимка од обидот за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Од:

Финската телевизија објави нова и никогаш досега објавена видео снимка од обидот за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо.
Финскиот јавен сервис Yle произведе 50-минутен документарен филм за Словачка, а во него објави и снимка од обидот за убиство на Фицо, што се случи во мај 2024 година.

На снимката се гледа целиот тек на најсериозниот безбедносен инцидент во историјата на Словачка – како напаѓачот отворил оган врз премиерот, се додека не се затворат вратите од лимузината во која обезбедувањето го ставило ранетиот политичар.

Снимката не само што прикажува како Фицо паѓа на земја по пукањето, како обезбедувањето го зема од земја и го фаќа за пазувите, туку ја покажува и неговата реакција веднаш по пукањето.

Оваа снимка е снимена од локалната словачка телевизија Prvigye, сосема случајно. Во близина беа сниматели и новинар, кои снимаа снимки за вестите кои требаше да се емитуваат подоцна.

Меѓутоа, напаѓачот токму во тој момент го застрелал премиерот на Словачка, а новинарите снимката ја предале и на истражителите и на финската телевизија, која снимила документарен филм.

Би можело да ве интересира

Фицо ги повика партиите да го поддржат писмото испратено до Зеленски за транзитот на руска нафта

Предраг Петровиќ

Фицо: Воопшто не му верувам на Зеленски

Фицо: Политиките кон Украина ја разнишуваат довербата во ЕУ

Фицо се закани: Ќе ја сопреме струјата кон Украина ако не продолжи испораката на руска нафта во Словачка

А1он

Рубио оди кај Орбан и Фицо

Фицо алармира: Самоубиствените политики ја загрозуваат Европа