ДУИ: Не смееме да дозволиме трагедијата во Кочани да се искористи за политичка пропаганда

Од:

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) со сериозна загриженост ги следи случувањата поврзани со трагичниот настан во Кочани и начинот на кој институциите на правдата го водат процесот – под јасен политички притисок и со намера вината да се префрли кај други, за да се заштитат сопствените луѓе на власта. Информациите дека еден јавен обвинител кој бил дел од предметот се повлекол, поради несогласувања околу квалификацијата на делото и особено поради политички притисоци од страна на партии во Владата, во нормална држава, би бил аларм за целото општество, велат од ДУИ.

„Во нашата реалност, молкот на институциите зборува погласно од било која одлука. Вчера беше донесена одлука речиси сите приведени да бидат пуштени, освен Крешник Бекташи, кој и понатаму останува во притвор – личност која одамна е цел на политичка одмазда. Ова не е веќе индивидуален случај – туку опасен модел на селективна правда, која станува алатка за политички притисок и елиминација.

ДУИ бара јавно и веднаш Обвинителството да одговори пред граѓаните: Дали е вистина дека обвинител се повлекол поради политички водена истрага? Ќе дозволи ли Обвинителството да стане инструмент за политичка одмазда кон опозицијата? Кои се критериумите според кои едни се пуштени, а други остануваат во притвор без доволно докази и со нејасна истрага? Ова не е правда – ова е политика во судска обвивка. Не смее да дозволиме трагедијата во Кочани да се искористи за политичка пропаганда и прикривање на одговорноста на владејачките структури. ДУИ не брани поединци, туку ја брани правдата како принцип – еднаква за сите, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Вештак на одбраната: На „Пулс“ биле извршени занаетчиски работи, а не реконструкција – родителите дофрлаа, па беа отстранети од судница

А1он

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче