Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Од:

Десет дена по бруталното тројно убиство во мало гратче во сојузната покраина Рајнланд-Пфалц, германската полиција се уште интензивно трага по осомничениот убиец, 61-годишниот Александар Мајснер.

Обвинителството во Кобленц нуди награда од 10.000 евра за информација што ќе доведе до негово апсење.

Ноќта на 5-ти и 6-ти април, полицијата пронашла три тела во семејна куќа во град со околу 2.200 жители, откако добила итен повик. Жртвите се сопружниците Надин (44) и Каи С. (47), кои загинаа од прострелни рани и убодни рани, и нивниот 16-годишен син Килијан е убиен од огнено оружје.

Главниот осомничен Александар Мајснер е од соседното село. Тој е веќе познат на правосудните органи, осуден е на повеќе од четири години затвор за обидот за убиство на неговата поранешна сопруга Тереза. Според информациите од истрагата, Мајснер веднаш по злосторството бил виден како бега низ прозорец од куќата. Оттогаш му се губи секаква трага.

„И покрај обемната потрага, вклучително и меѓународните мерки, сè уште не успеавме да го лоцираме осомничениот“, рече главниот обвинител на Кобленц, Марио Манвилер.

Се уште не е познат мотивот за ова крваво злосторство. Од полицијата наведуваат дека Александар е тешко да се процени – неговиот психолошки профил, како и сите склоности кон насилство, зависност или сексуално мотивирани дела не се јасно дефинирани.

Како што соопштија од полицијата, осомничениот Александар е на 61 година, висок 174 сантиметри, тежок 74 килограми, кафена коса и сиво-сини очи.

Би можело да ве интересира

Вознемиреност во Германија: Се појави опасен вирус со висока смртност

Иран планирал напади во Германија

Заврши заложничката криза во Фолксбанк во германскиот град Зинциг

А1он

Драма во Германија: Заложници се заклучени во банка, центарот на градот е блокиран

Горан Наумовски

Крупала го обвинува Мерц дека ја турка Германија во војна: „Нема да има мир без Русија“

„Фајненшл тајмс“: Одбивањето на САД да распоредат ракети во Германија ќе ги наруши воените планови на Европа