Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Од:

Илјадници Палестинци се собраа на редок протест во северниот дел на Појасот Газа, отфрлајќи ја исламистичката група Хамас и повикувајќи на прекин на војната со Израел.

Сведоците ги опишаа протестите во градот Беит Лахиа како најголеми во последните години. На протестот се приклучија луѓе од сите возрасти, вклучително и деца и постари лица, носејќи транспаренти со натписи „Стоп за агресијата“, „Сакаме да живееме во слобода“ и „Не за теророт, да за мирот“.

Некои учесници вееја бели знамиња, повикувајќи на прекин на 18-месечниот конфликт во Газа.

Израелската војска се обидува да го разоружа Хамас, кој сам владее со Газа од 2007 година и беше прогласен за терористичка организација од страна на САД и Европската Унија.

Неколку демонстранти повикаа на палестинско национално единство и појава на ново политичко раководство. Други повикаа на меѓународна заштита на цивилите и крај на израелската блокада што го прекина протокот на хуманитарна помош во енклавата.

Би можело да ве интересира

Најмалку деветмина загинати во израелски напади во Појасот Газа

Кац: Иран развива хемиско оружје – Израел е подготвен за напад

Ајзенкот навести формирање малцинска влада со поддршка од арапските партии

А1он

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран

„Њујорк тајмс“: Мосад киднапирал ирански генерали и ги мачел за да ја открие судбината на Рон Арад