„Камен“ пијан, без возачка предизвикал несреќа, па лажел дека е агент на АНБ

Од:

Ноќеска на булеварот „Србија“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го уапсиле Б.Р. (31) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Тој претходно управувајќи патничко возило „хјундаи“, удрил во објект на бензинска пумпа на булеварот.

По преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал без возачка дозвола, дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта и дека лажно се претставил како вработен во АНБ. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Руската амбасада ги отфрли обвинувањата на АНБ и бара објаснување од македонските институции

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Возеше мопед без дозвола, со 2,93 промили алкохол во крвта – беше позитивен и на канабис

А1он

Разбиена мрежа на псевдо-портали за ширење проруска пропагандна во земјава

Пијан „возач“ без возачка дозвола излета од пат кај Кочани, едно лице е тешко повредено

Горан Наумовски

Со 1,81 промили алкохол во крвта превезувал дигалка на автопат, без одобрение

А1он