Трамп: Ќе им дадеме пари на имигрантите за да ја напуштат Америка

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да воведе нова програма која им нуди пари на имигрантите доброволно да ги напуштат Соединетите држави.

Трамп рече дека таквата „програма за самодепортација“ ќе вклучи одредена финансиска помош и можност за подоцна легален влез во земјата.

Ќе им дадеме пари и авионски билет, а потоа ќе работиме со нив.

Трамп вети дека ќе депортира рекорден број илегални имигранти во Соединетите држави, а неговата администрација бара од мигрантите да ја сигнализираат нивната „намера да заминат“ користејќи ја апликацијата за царина и гранична заштита на САД наречена CBP Home, пишува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

(ВИДЕО) Верски лидери повторно се молеа над Трамп во Белата куќа за заштита од злото

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трамп не трпи новинарски прашања: Глупава, личност со низок коефициент

Рускиот дизел утре тргнува за Америка