Фицо: Ќе одам во Москва, никој не може да диктира каде можам да патувам

Од:

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека ќе присуствува на комеморацијата за Денот на победата во Москва и дека силно се противи на предупредувањето на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи Каја Калас дека европските лидери не треба да учествуваат на настанот.

„Предупредувањето и заканата на Каја Калас се непочитување и остро се спротивставувам“, објави Фицо на Х профилот.

Тој потсети дека Калас ги предупредил лидерите на земјите-членки на ЕУ да не учествуваат на прославата на Денот на победата во мај во Москва и им порачал дека „таквото учество нема да биде сфатено лесно“ во Брисел.

„Ќе одам во Москва на 9 мај. Дали предупредувањето на г-ѓа Калас е форма на уцена или сигнал дека ќе бидам казнет по враќањето од Москва? Не знам. Но знам дека годината е 2025, а не 1939 година“, рече Фицо.

Тој оцени дека предупредувањето на Каласова потврдува дека е потребна дебата во ЕУ за суштината на демократијата, „за тоа што се случи во Романија и Франција во врска со претседателските избори, за „мајданите“ организирани од Западот во Грузија и Србија“, и за тоа како се игнорираше злоупотребата на кривичното право против опозицијата во Словачка.

Би можело да ве интересира

Калас го повика Иран да ги продолжи нуклеарните преговори

Каја Калас: Дури и „цврстата љубов“ на САД кон Европа е подобра од никаква

Фицо: Словачка ќе ги заштити своите интереси кога станува збор за снабдување со енергија од Русија

Фицо: Без право на вето од секоја земја-членка, нема да постои ЕУ

Фицо: Укинувањето на правото на вето што го има секоја европска земја ќе доведе до крај на ЕУ

А1он

Фицо: Доколку антируските санкции не ја загрозат Словачка, се согласуваме со ЕУ