Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Од:

Иранската револуционерна гарда, идеолошката армија на земјата, денеска соопшти дека воените и одбранбените капацитети на Иран претставуваат „недопирливи црвени линии“, неколку дена пред новата рунда индиректни разговори со Вашингтон закажани за сабота во Рим.

„Националната безбедност, воената моќ и одбраната се меѓу црвените линии на Исламската Република Иран, за кои не може да се разговара или преговара под никакви околности“, рече портпаролот на гардата Али Мохамад Наини.

Иран и САД, кои немаат дипломатски односи од 1980 година, одржаа разговори минатата сабота, со посредство на властите во Оман, за иранската нуклеарна програма.

Западните земји, предводени од САД, се сомневаат дека Иран сака да се здобие со нуклеарно оружје. Техеран ги отфрла овие обвинувања и го брани правото на нуклеарна енергија за цивилни цели, особено за енергија.

Иран и САД се согласија да ги продолжат разговорите на 19 април.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Американците нападнаа товарен број кај Иран

ВИДЕО: Масакр во Ријад, 12 мртви и над 300 повредени во напад на аеродром

Калибаф: „Оние што го следат Александар Велики ќе ја доживеат судбината на римскиот император Валеријан“

А1он

Официјална потврда: Спречен е „нов 11 септември“

Трамп воведе санкции против Меѓународниот кривичен суд

„Зеленски го загуби трпението, ги нападна Американците“