Црвенковски: И од ВМРО велат, во Охрид пак Аце врвит

Од:

„Ова е митинг на храброста и вербата. Покажувате дека сте луѓе кои знаат да се изборат за своето. Запирање нема, народот се осмели. Доаѓа време за наплата на сметките, казна за сите лаги. Време е за решавачка битка,рече вечерва на митингот во Охрид, претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Влогот, порача, е голем, нема време за неопределени или за пазарење.

Македонија, рече е земја на сиромаштија.

„Немојте да мислите дека некој во Вашингтон ќе се потресе на нашето пропаѓање. Ова зло сами мораме да го решиме. Се работи за нашата држава и иднина. Сите со иста мисла да кажеме, доста беше од лаги и заплашувања, сакаме да живееме како слободни луѓе, Македонија е наша и си ја бараме државата назад. Вакви тешки битки се добиваат ако во првите редови имате луѓе борци, луѓе кои не се повлекуваат пред предизвиците. Охрид во ужасно тешки услови, покажа дека може да се гради. 7 години Петрески е цел на напади и лаги. И пак на крајот, насамо сите, а и членови на ВМРО-ДПМНЕ велат, пак Аце врвит. Во Охрид одиме на сигурна победа, рече лидерот на СДСМ.

 

 

„Вчера Груевски даваше отчет, и не ми беше јасно дали живее во оваа земја, та така бесрамно лаже. Ни кажа за остварени проекти, дека Македонија е трет реформатор во светот, четврта по најмала задолженост во Европа, инфлација ниска,рече автопати не граделе зошто 99% луѓето не ги користат. За жал вистината е поинаква. Имаме хипотеки и блокирани сметки. Македонија е земја во која се незадоволни и несреќни луѓе. Изрекетираа се, и ја направија Македонија најголема пералница на пари. Македонија е земја на министри местачи на тендери, на силеџии со полициски значки, собрираат арач за да живее пастирот и фамилијата, и да си ги лечат фрустрациите. Лустрацијата ја третираат како приватна војска, медиумите како сопственост, лекарите како криминалци. Македонија стана земја на политички затвореници, на затворени медиуми“, рече Црвенковски.

Ајде Никола конечно да се преброиме, му порача на Груевски.

„Нека одлучи народот меѓу вашите камени споменици и живите луѓе. Нека одлучи народот дали сака да живее во лажни реклами, или во реалноста, со наведната глава или слободно и спокојно. Нека одлучи дали се согласува да биде безгласна буква, тесто за месење. Таа одлука ја чекам со голема радост. Никој не успеал да го скрши. Тој се исправа, и во клучниот момент знаел да ја донесе вистинската одлука. Доаѓа тој историски момент. Сите заедно да бидеме дел од таа одлука. Време е да ја живееме иднината“, рече на митингот во Охрид, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

Орце Костов

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов