Мојсоска: Пајазити направи правен преседан и додели куќен притвор на лице кое нема македонско државјанство

Од:

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, остро реагираше на одлуката на Судскиот совет кој изрече само 30 отсто парична казна за судијата Пајазит Пајазити, иако, како што тврди таа, било утврдено дека судијата незаконски постапил и го овозможил бегството на припадникот на УЧК, Блерим Рамадани.

„Пајазити направи правен преседан и додели куќен притвор на лице кое нема македонско државјанство“, истакна Мојсоска, саркастично додавајќи дека само во Македонија е можен куќен притвор за лице барано со потерница за воени злосторства да биде сместено кај роднина.

Таа потсети и на изјава на градоначалникот Арбен Таравари, дадена една недела пред бегството на Рамадани, со која, според неа, се потврдува дека станува збор за „политички протисок кон судството“.

Мојсоска ја искористи објавата и за да укаже на, како што вели, спорното минато на судијата Пајазити. Меѓу другото, го обвини дека ги пуштил во куќен притвор лицата вклучени во безбедносниот инцидент на скопскиот аеродром — меѓу кои, како што тврди, имало функционери на ДУИ — како и дека го спасил од затвор обвинителот Иџет Мемети, прифаќајќи спогодба под законскиот минимум за дело земање мито.

На крајот од својата реакција, Мојсоска го постави и прашањето за актуелната претседателка на Судскиот совет: „Весна Дамева од Судски Совет од кога е во ЗНАМ?!“

Би можело да ве интересира

Левица: Студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари

А1он

Левица: Работниците во ЈП „Национални шуми“ спротивно на закон се принудени да прифатат цепаници наместо К-15

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

Левица: Орце и ДПМНЕ повторно ги оставија жртвите на семејно насилство на цедило – не ги обезбедија ветените субвенции за кирии

Горан Наумовски