Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Од:

Мал авион денеска се урна во комплекс на челичарница во северна Германија, при што загинаа пилотот и копилотот, соопшти полицијата.

Авионот полетал од аеродромот во Салцгитер-Драјт и се урна на теренот на челичарницата Салцгитер, потврдил портпаролот на противпожарната служба.

Точната причина за несреќата првично беше непозната, но портпаролот на полицијата нагласи дека се претпоставува дека станува збор за несреќен случај, јави агенцијата ДПА.

Авионот паднал во тесен простор меѓу две сали и се запалил, изјави шефот на противпожарната служба Арно Зикс.

Според него, низ густиот чад можеле да се видат само делови од крилото, а она што останало го опишал како „изгорена челична рамка“.

Зикс рече дека околу 90 служби за итни случаи биле на местото на несреќата, на околу 50 километри источно од Хановер, и дека болничарите констатирале смрт на двајцата мажи во авионот откако пожарот бил изгаснат.

Федералното биро за истраги на авионски несреќи започна истрага за причините за несреќата.

Би можело да ве интересира

АфД е пред историска победа, Мерц е под силен притисок пред клучните избори

Велика Британија и Германија го осудуваат рускиот напад врз Украина: Москва останува закана

Вајдел: Погрешната миграциска политика е отров за германската економија

Мал авион се урна врз куќа во Германија – пилотот загина

А1он

Уапсен e осомничениот за нападот со нож во банка во Регенсбург

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Германија: Вработен во банка почина по напад со нож, заложничката драма продолжува

Горан Наумовски