Советникот Венко Крстевски најави кандидатура за в.д. градоначалник на Кочани

Од:

Советникот Венко Крстевски од кандидатска листа поддржана група избирачи, најави дека е подготвен да ја извршува функцијата в.д. градоначалник по оставката на досегашниот градоначалник Љупчо Папазов, кој е осомничен и во притвор за пожарот во дискотеката Пулс во кој животот го загубија 61 лице, а околу 200 се повредени.

На својот Фејсбук профил, Крстевски како независен член на Советот, оценува дека другите советници, посебно од партијата на власт, се трудат да го избегнат изборот на в.д. градоначалник, поради што тој решил да ја истакне својата кандидатура за функцијата во наредните шест месеци, иако очекува опструкции при изборот.

– Неспособноста на локалната владејачка партија доведе до тоа да треба да се избере седми директор на КЈП „Водовод“ – Кочани во само три години. Секогаш сум бил на страната на народот и тој тоа многу добро го знае. Имам излегувано на сите протести и штрајкови и се имам спротиставувано на сите политики кои не се за доброто на кочанчани, без разлика кој и да е бил на власт. Во овој состав на Советот на Општина Кочани, советниците од владејачката партија немаат дадено ниту еден предлог и немаат никаков допринос за подобрување на амбиентот на живеење на кочанчани. Свесен сум дека сум само еден независен советник во Советот, но верувам дека некои од советниците ќе го препознаат мојот квалитет и искрена желба за создавање на подобри услови за живеење на кочанчани и нивните деца, истакнува Крстевски.

Во образложението за кандидатурата тој нагласува дека досега во Советот имал над илјада дискусии и преку 200 советнички прашања, од кои дел се прифатени и реализирани. Исто така, во изминатиот период дал поддршка на сите граѓански протести и штрајкови, а се спротивставувал и на сите политики што не се во интерес на граѓаните, без разлика кој ја имал власта.

Крстевски е единствениот кандидат кој јавно искажал намера да биде в.д. градоначалник на Кочани во следните шест месеци.

Изборот на в.д. градоначалник е закажан како единствена точка на дневниот ред на 62. седница на Советот на Општина Кочани, што треба да се одржи в понеделник во 12 часот.

Би можело да ве интересира

Тошковски и Мицкоски се обидуваа да ја сокријат вистината за Кочани, велат од СДСМ

Горан Наумовски

13 полицajци осомничени дека не спречиле користење на пиротехника во „Пулс“ која беше фатална за 62 лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: Со доказите кои ги обезбеди МВР се докажа кој е виновен за трагедија во Кочани

Три фирми и 34 лица се обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

(ВИДЕО) Костовски: Јанев, Тошковски и Мицкоски се одговорни што нема целосна правда за трагедија во Кочани

Горан Наумовски

Апасиев: Сите уапсени полицајци се наведени во кривичната пријава против Мицкоски