Левица: Ѓорче се распаѓа под тежината на урбаната мафија и институционалниот молк

Од:

Скандалозен инцидент во Ѓорче Петров, каде при бетонирање на нова станбена зграда буквално се сруши ѕид на постојна, населена зграда, при што бетон се изли во внатрешноста – е уште една директна потврда за урбанистичкото безумие и институционалната немост што секојдневно го загрозува животот на граѓаните. Молкот во текот на целиот ден од страна на градоначалникот Александар Стојкоски, како и не појавувањето на местото на инцидентот на неговиот тим и градежниот инспекторат, ја покажуваат целосната слабост во спречувањето на урбаното дивеење кое во овој случај можеше да заврши фатално за станарите од оштетената зграда, велат од Левица.

„Одговорноста за оваа катастрофална негрижа не е само на изведувачот Еуровиа (фирма донатор на ДУИ, позната по скорешниор скандал со зацементирани цевки и фекално загадување во Центар), туку пред сè, на Општина Ѓорче Петров и градоначалникот Александар Стојкоски. Овој инцидент е логичен резултат на систематското уништување на урбаната средина преку продажба на секој слободен квадратен метар на профитерските градежни картели.

Неспособниот и сервилен општински градежен инспекторат, кој упорно одбива да постапува и по службена должност и по барања на жителите, е директен соучесник во овие напади врз урбаното ткиво на Ѓорче. Молчеливиот надзор и игнорирањето на очигледни прекршувања ги охрабруваат изведувачите да работат без имотно-правна чистота, без минимални стандарди за безбедност – како на работниците, така и на жителите. И не е прв пат да се загрози безбедноста на граѓаните на оваа локација! Потсетуваме дека за оваа градба веќе еднаш Левица алармираше за оставена длабока и незаштитена дупка на тротоарот, која беше санирана дури по наша јавна реакција и притисок, а беше сериозно ризична по животот на минувачите.

Граѓаните на Ѓорче Петров не смеат да бидат колатерална штета во профитерските зделки меѓу Стојкоски, урбаната мафија и политичките спонзори на ДУИ. Апелираме до градежниот инспектор во општината да престане да служи како параван за дивеење и конечно да излезе на терен! Не за шетање со раце во џебови, туку со професионален став, храброст и одговорност – од градилиште до градилиште!

Апелираме и до надлежните да истражат за тоа со какви материјали и под какви стандарди се градат станбените згради бидејќи очигледно е дека се користат неквалитетни материјали, се крати од материјалите, има пристап на несовесна изведба и целосно отсуство на технички надзор. Ова мора да се утврди навремено за да нема фатални последици. На надлежните треба да им е јасно дека градежната мафија гради за профит, а не за живот, и тие мораат да се будни за да се спречат катастрофи поради преголемиот и дозволен апетит на инвеститорите, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Левица и СДСМ удрија по Тошковски откако МВР распиша меѓународна потерница за Цуната која и избега на полицијата низ прозорец во Кочани

(ВИДЕО) Апасиев кон Мицкоски: Вие сте како кнезот Потемкин – Владата ви е привид, лага и измамничка фасада

Горан Наумовски

Левица: СДСМ е против една изборна единица – се надева дека така ќе го одложи сопствениот распад

А1он

СДСМ нема да учествува на средбата за Изборниот законик што ја иницира Левица

Катерина Ѓуровски

Левица иницира средба на опозициските партии за договор за Изборниот законик

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик