Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Од:

Американскиот Стејт департмент официјално потврди дека амбасадорката во Украина, Бриџит Бринк, ја завршила дипломатската мисија во Киев и се враќа во САД.

Портпаролката на Стејт департментот Тами Брус им изјави на новинарите дека Бринк се враќа дома, потврдувајќи ги информациите што претходно ги објавија американските медиуми.

„Да, таа се враќа дома“, рече Брус.

Медиумите известуваат дека заменик-помошникот државен секретар за Источна Европа Крис Смит се смета за нов американски амбасадор во Украина.

Смит претходно беше заменик-шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Киев од 2022 до 2023 година.

Бринк беше номинирана за амбасадор во Украина од поранешниот американски претседател Џозеф Бајден, а таа беше назначена на функцијата во мај 2022 година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше Бринк што директно не го спомна неодамнешниот руски напад на Криви Рих во кој загинаа 20 луѓе, меѓу кои и девет деца.

Би можело да ве интересира

Платеници од Германија и Велика Британија се убиени во Запорожје

САД упатија нови критики кон своите сојузници во НАТО

Зеленски: Се подготвуват масовни руски воздушни напади врз Украина

Издадено е предупредување за „реален ризик од нуклеарна несреќа“ во Запорожје

Горан Наумовски

Миршајмер: Колку подолго Киев го одложува мирот, толку полоша ќе биде положбата на Украина

Горан Наумовски

Иранската гарда тврди дека пресретна и уништи американски дрон над иранските територијални води

Горан Наумовски