Луис Хамилтон се избори за пол позицијата на трката за Големата награда на Унгарија, доминирајќи во секоја од трите сесии, незагрозен од ниту еден друг ривал.
Возачот на Мекларен на крајот од третата сесија го подобри своето најдобро време на 1:20.953 и стигна до 22 пол позиција во кариерата, со што потврди дека надградбите кои Мекларен ги направи на својот болид повторно ги исфрли на врвот.
Изненадувањето на денот е Роман Грожан, кој во последното излегување се доближи на четири десетинки и го заработи највиското стартно место во кариерата.
Трет стигна актуелниот шампион Фетел, а зад него уште еден поранешен шампион, Џенсон Батон.
Од третиот ред ќе тргнат, Кими Раиконен и водечкиот во генералниот пласман Фернандо Алонсо.