Мала минорна група со петмината шпиони вработени во МВР, ниту може ниту има шанси да ја потресе Обединети за Македонија. Напротив, се расчистивме од шпините кои две години пренесуваа за секој чекор на Бошкоски и кои имаа учество во изборниот фалсификат. Вака денеска потпретседателката на Обединети за Македонија го коментираше заминувањето на дваесетината членови од партијата кон ВМРО-ДПМНЕ.
Таа на денешното Централно Собрание посочи: „Ова е Обединети за Македонија, ова се 60 те општински организации и претседатели, ова е партијата која ја води Љубе Бошкоски“, рече Митревска. Според неа, колку власта повеќе притиска, толку поголем ќе станува отпорот. „Нема повеќе страв“, рече таа.
Потпретседателката Митревска вели дека сите 60 печати на општинските организации се во партијата како и главниот партиски печат. Според неа наводното преминување е само театар помогнат од владините медиуми, иако нема никаква реална основа. Митревска вели дека неколку печати се злоупотребени со измама, за да покажуваат божемно преминување во Холидеј Ин, но сето тоа според неа е несупешно зашто партијата ги има сите легитимни органи.
Тие што преминаа беа разрешени претходно, ама и да не баа разрешени не беа фактор во Обединети за Македонија кои можат да носат одлука за згаснување на партијата“, рече Митревска.
На централното Собрание беа присутни претсавник на ВМРО Народна и претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов од кои побараа поддршка да не се дозволи да се монтира уште случај за Љубе Бошкоски. Обединети за Македонија веќе до амбасадите барале прием да ги известат за монтажата која власта му ја подготвува на Љубе Бошкоски.