Пекинг ги исмева царините на Трамп: „MAGA капите се произведуваат и во Кина, сега се многу поскапи“

Од:

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг објави илустрација на социјалните мрежи во која се потсмева на последиците од царините на Трамп врз американските потрошувачи.

На сликата е познатата црвена капа „Make America Great Again“, симбол на политичката кампања на Трамп, со натпис „Made in China“. Цената на капата беше симболично прецртана од 50 на 77 долари – алудирајќи на порастот на цените на увезените стоки од Кина откако американскиот претседател воведе високи царини.

Објавата е очигледна порака во трговската војна, со која Пекинг сака да нагласи дека најголемиот трошок за политиката на Трамп ќе го платат самите Американци, а од сопствениот џеб.

Кинеските царини од 84 отсто за американските стоки стапија во сила вчера, а трговската војна меѓу двете велесили влегува во нова, неизвесна фаза.

Би можело да ве интересира

Си-Ен-Ен: Трамп е во замка – нема добро решение за војната со Иран

Трамп верува дека во Иран се случила промена на режимот

Трамп: Иран ќе биде целосно уништен ако не попушти, НАТО не прави ништо

Иран: Трамп се обидува да купи време

Иранската револуционерна гарда се заканува со одмазднички напади доколку е погоден енергетскиот сектор на Иран

Овца со четири рога во зоолошка градина во Кина

А1он