(ВИДЕО) Кинезите објавија воен говор на Мао Це Тунг: Никогаш нема да попуштиме

Од:

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг на социјалните мрежи објави дека Пекинг не се плаши од провокации.

Таа објави видео од поранешниот кинески лидер Мао Це Тунг од времето на Корејската војна, во кое тој им порачува на САД: „Колку и да трае оваа војна, ние никогаш нема да попуштиме“.

Над видеото таа напиша: „Ние сме Кинези, нема да се повлечеме“.

Во меѓувреме, стапија на сила и кинеските и американските царини, а поради нивната големина, многу аналитичари проценуваат дека тие можат целосно да уништат добар дел од трговијата меѓу двете сили. И покрај се, се уште нема знаци за можни преговори меѓу Пекинг и Вашингтон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Неизвесна е одлуката на Трамп за Иран, од Техеран порака дека нема прелиминарен договор

Катерина Ѓуровски

Азизи: Иран нема да се откаже од своите црвени линии

Трамп: Нема договор без нормализирање на односите меѓу арапските земји и Израел

Горан Наумовски

Аксиос: Трамп ја назначи Пам Бонди во советодавниот одбор за вештачка интелигенција

Трамп: Оман ќе се однесува како сите други или ќе мора да ги дигнеме во воздух

Трамп: Дури и ако Иран се предаде, медиумите ќе пишуваат дека САД претрпеле пораз