Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Од:

Идниот германски канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека коалицискиот договор што го постигнаа конзервативците со социјалдемократите е знак дека Европа може да се потпре на Германија.

– Договорот е многу силен и јасен сигнал за граѓаните на нашата земја. Тоа е јасен сигнал и за нашите партнери во Европската унија, рече Мерц на заедничката прес-конференција со своите коалициски партнери.

Тој нагласи дека Германија „добива влада која е силна и способна за дејствување“, додавајќи дека очекува сите инволвирани страни да се согласат на коалициски договор, пренесува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Мерц: Анексијата на Западниот Брег од страна на Израел би била голема грешка

Европа стана најголем увозник на оружје во светот

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

Иран се закани: Европа и другите земји може да бидат легитимни цели на напади – бидете внимателни

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн