Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Од:

Русија ја обвини Америка за кршење на меѓународните трговски правила со воведување царини од 104 отсто на кинески стоки.

„Се чини дека Вашингтон веќе не се чувствува должен да ги почитува нормите на меѓународното трговско право“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Кога актуелниот американски претседател Доналд Трамп ги зголеми граничните даноци на кинеските стоки за 10 отсто во февруари, Кина поднесе жалба до Светската трговска организација (СТО), која се справува со трговските спорови.

Захарова тврдеше дека одлуките за тарифите донесени од администрацијата на Трамп „ги кршат основните правила на СТО“.

Иако Русија беше поштедена од последниот бран царини што зафати повеќе од 60 земји, Захарова на новинарите им рече дека Москва презема мерки за намалување на можните негативни последици, пред се преку зајакнување на соработката со Кина.

Би можело да ве интересира

Си Џинпинг: Кина е лидер во економската соработка во Азиско-пацифичкиот регион

Некогаш мало гратче, денес – кинеската Силиконска долина: Зошто самитот се одржува во Шенжен?

Горан Наумовски

Трамп: САД и Кина сакаат Ормутскиот теснец да остане отворен

Во септември, Русија поседуваше американски државни обврзници во вредност од 25 милиони долари

Горан Наумовски

„Билд“: Русија планирала напад во Полска, а потоа вината да ѝ ја префрли на Украина

Песков: Русија нема претерано високи очекувања од трилатералната средба во Кина