ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Од:

Најмалку 32 лица, меѓу кои десетина жени и деца, се убиени во израелските напади врз Појасот Газа, соопштија палестинските здравствени власти.

Овие смртоносни израелски напади беа извршени во време кога израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху патува во Соединетите Американски Држави на средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Израел го прекрши примирјето со Хамас минатиот месец и се врати на палестинската територија за да изврши притисок врз Хамас да прифати нов договор за прекин на огнот и да ги ослободи преостанатите израелски заложници.

Повеќе од еден месец Израел го блокираше увозот на храна, гориво и други потреби во окупираната палестинска енклава, која во голема мера се потпира на странска помош.

Набргу откако околу 10 ракети беа истрелани од Газа на израелска територија, израелската војска (ИДФ) им нареди на Палестинците да се евакуираат од централна Газа до Деир ал Балах доцна во неделата.

ИД соопшти дека биле пресретнати околу пет проектили на Хамас, а одговорноста за ракетните напади ја презеде палестинската милитантна група.

Израелската полиција соопшти дека една ракета паднала во градот Ашкелон, додека делови од други проектили паднале во неколку области.

Брзата помош соопшти дека во ракетните напади на Хамас полесно е повреден маж.

Би можело да ве интересира

Сар: Израел ја поддржува борбата на иранскиот народ за слобода

Израел e во состојба на висока готовност поради можен напад на САД врз Иран

ВИДЕО: Иран во пламен: Повеќе од 50 мртви, Револуционерната гарда се заканува со „крвава одмазда“

Предраг Петровиќ

Нетанјаху: Добивме зелено светло да го нападнеме Либан

Лариџани: САД и Израел поттикнуваaт протести во Иран

Ал-Хути: Секое израелско присуство во Сомалиленд или во Сомалија ќе биде легитимна воена цел

Горан Наумовски