Мандатар за новата Влада на Србија е Ѓуро Мацут

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави дека мандатaр за состав на новата Влада на Србија е Ѓуро Мацут.

– Донесувам одлука за предлог на кандидат за премиер на Република Србија. На Народното собрание на Република Србија му предлагам професор д-р Ѓурo Мацут за кандидат за претседател на Владата на Република Србија. Оваа одлуката се доставува до Народното собрание на Република Србија. Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во службен весник на Република Србија. Верувам дека професорот д-р Ѓуро Мацут има професионални и лични квалитети, посветеност и стручност да ја извршува функцијата премиер и ме увери дека може да обезбеди избор на влада. Новиот премиер на Република Србија ќе продолжи да спроведува програми насочени кон подигање на животниот стандард на сите граѓани, проекти во областа на здравството, образованието, науката и технологијата, развојот на инфраструктурата, екологијата, енергетиката, земјоделството, туризмот, како и во други области од значење за иднината на Србија и нејзиниот напредок на европскиот пат, притоа зачувувајќи и натамошно унапредување на традиционално добрите односи со светот и соработката со традиционално добрите земји со светот. Пред премиерот е задача да ја реализира специјализираната светска изложба ЕКСПО 27 Белград, која во голема мера ќе ја претставува инвестициската основа во мандатот на новата влада – прочита Вучиќ.

Рокот за формирање на нова Влада е 18 април на полноќ, а доколку тоа не се случи, претседателот на Републиката е должен да го распушти Собранието и да распише избори, кои, според законот, би се одржале на почетокот на јуни.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украина нема време за евроскептицизам, ни требаат пари за да преживееме

Вучиќ и Зеленски се обратија пред медиумите: „Ќе продолжиме да водиме принципиелна политика“

Нови тензии меѓу Белград и Сараево: Хелез порача дека „Дрина е граница“, Гашиќ возврати – „Никогаш нема да биде граница на српскиот народ“

Вучиќ: „Од ноќеска тарифите за Србија повеќе не постојат“; „Америка ги укина царините од 35 отсто“

Вучиќ: Јас сум единствениот што не ја потпиша декларацијата на самитот Југоисточна Европа-Украина

Горан Наумовски

Вучиќ: Сите ќе влеземе во ЕУ, но тоа нема да биде наскоро