На српскиот премиер му беше забранет прелет преку БиХ

Од:

Премиерот на Србија во технички мандат, Ѓуро Мацут, денеска изјави дека забраната за прелет преку БиХ нема да го спречи вечерва да биде во Бања Лука и да присуствува на прославата на Денот на српското единство, слободата и националното знаме.

– Ако не можев да одам со авион, ќе одам со автомобил. За мене е важно да бидам со нашиот народ и заедно, достоинствено и во мир, да го прославиме Денот на српското единство, слободата и националното знаме – рече Мацут во писмена изјава за српските агенции.

Тој оцени дека во Европа во 21-от век е навистина несоодветно да се користат административни мерки за да се спречи некој да дојде на прослава на празник што никого не загрозува и не е насочен против никого.

– Токму ваквите потези нè враќаат сите нас во регионот назад, а не празниците на кои го славиме нашето единство, слобода, историја и знаме, притоа почитувајќи ги сите други и нивното право да ги зачуваат своето име, идентитет и традиции – истакна Мацут.

Тој додаде дека таквите одлуки можат само да предизвикаат жалење и дека тие зборуваат многу повеќе за оние што ги носат.

– Нема да одговориме со подигнување на тензиите. Србија ќе продолжи да подава рака за соработка и да ги почитува цивилизациските стандарди за слобода на движење и добрососедски односи, да ги почитува другите, но и да го зачувува и почитува она што е нејзино – рече Мацут.

Би можело да ве интересира

Некои министри само се сликаат за Инстаграм, српскиот премиер размислува за реконструкција

Мицкоски и Мацут на средба во Скопје: Ја споделуваме визијата за стабилен, безбеден и просперитетен Балкан

А1он

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денес ќе престојува во работна посета на Македонија

Мацут: Невиден вандализам врз академска институција, полицијата спречи поголеми последици

А1он

Мацут го осуди синоќешното насилство и нападите врз полицијата, им се заблагодари на полицајците

Горан Наумовски

Мацут: Единство, а не социјална поларизација, хармонија и колективен интерес, а не поделби и екстремизам