Иран: 838 учесници во сообраќајот загинаа за време на празничната сезона

Од:

Најмалку 838 лица загинаа во сообраќајни несреќи низ Иран од почетокот на празникот Новруз (почеток на пролетта) на 15 март до 3 април, изјави денеска командантот на сообраќајната полиција на Иран, бригадниот генерал Сејед Тајмур Хосеини, додавајќи дека во тој период се повредени 19.166 лица.

Хосеини рече дека Иранците кои патувале за време на празниците почнале во голем број да се враќаат во своите градови речиси истовремено, што значително ја зголемило фреквенцијата на патниот сообраќај, пренесува порталот IFP.ir.

Тој предупреди дека од 2 април секој возач што ќе направи каков било сообраќаен прекршок ќе остане три месеци без возачка дозвола и потврди дека од почетокот на спроведувањето на овие построги мерки, откриени се 3.166 прекршители на кои им се одземени дозволите и изречени се парични казни, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Трамп: Не ни треба договор со Иран за да им го земеме збогатениот ураниум

Арагчи: Иран не сака војна, но сега сме посилни од пред војната

Ванг Ји: Договорот за прекин на војната против Иран мора да биде ратификуван од Советот за безбедност на ОН

Илјадници Иранци бараат одмазда на годишнината од смртта на Хамнеи

ИРГК: Нема мир додека Израел не се повлече од Либан

Хамнеи предупредува: Непријателите се обидуваат да создадат „внатрешни поделби“