СДСМ Дебарца: Училиштата во општината останаа без греење

Од:

Вчера и официјално започна грејната сезона, а во училиштата во општина Дебарца нема затоплување, што ќе рече – локалната власт предводена од ДПМНЕ и градоначалникот Трајкоски не е во состојба да ги обезбеди основните услови за одржување на настава велат од СДСМ Дебарца.

Во општина Дебарца освен централното основно училиште во село Белчишта постојат уште три подрачни училишта и седум училишта со подрачни паралелки. Училиштето во село Белчишта има централно греење на нафта, а сите други училишта се затоплуваат на дрва.

Иако од страна на ВД Директорот Аврамоски уште во јули беа објавени тендери за набавка на нафта за греење и огревно дрво, до почетокот на грејната сезона истите не се обезбедени.Го повикуваме градоначалникот Трајкоски кој наголемо ветуваше подобрување на условите за едукација на најмладите да го задолжи од него именуваниот Директор на ЦОУ “Дебрца”, Иван Димоски барем да ги обезбеди основните услови за настава, односно училиштата да ги снабди со потребниот огрев и децата да не смрзнуваат на училиште. Кога и онака нешто повеќе не можат да направат, велат од ОО на СДСМ во Дебарца.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

(ВИДЕО) Трајановски: СМАРТ-осветлување во сите паркови и дворови на градинките и училиштата

СДСМ: Предлог-буџетот за 2026 година е признание за економската неспособност на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи