ЕВН Македонија подготвена за зимата

Од:

ЕВН Македонија е подготвена за зимата. Целосно се опремени и подготвени тимовите за интервенција, а севкупната техника и човечки ресурси се ставени на располагање за евентуални реакции, велат од компанијата.

– Во првата половина на оваа година направена е инспекција на 21.000 километри дистрибутивна мрежа на сите напонски нивоа, како и анализа на подготвеноста на 7.730 трафостаници во земјава, соопшти ЕВН Македонија.

ЕВН, се додава во соопштението, интервенираше на сите маркирани критични точки, при што е исчистена вегетацијата на 106 километри среднонапонска и на 104 километри нисконапонска мрежа. Заменети се над 1.500 столба на средно и ниско напонско ниво, а санирани се над 1.900 делумно оштетени столбови.

– Коригирано е заземјување на 260 столба од среднонапонската мрежа и на 30 ТС 10(20)/0,4 кV, а направени се сите други интервенции на утврдените недостатоци по инспекција на мрежата на сите напонски нивоа и на ТС 10(20)/0,4 кV, велат од ЕВН.

Според компанијата, во првата половина од годинава е изградена нова надземна мрежа на ниско и средно напонско ниво во должина од 58 километри и 70 километри нова подземна кабловска мрежа на ниско и средно напонско ниво.

– За полесно справување со зимата направени се стратегии и договори за заедничко делување со општините и поголемите зимски центри во земјава. Екипите се опремени со зимска опрема и набавени се нови 44 возила за движење во тешко пристапни места. Специјализирани возила за специфични интервенции, мерни коли за лоцирање дефекти и друга опрема се распоредени низ сите поголеми центри во земјава со што на располагање е ставена целата механизација, нагласуваат од ЕВН Македонија.

Околу 300 електромонтери се ангажирани во тимовите за брзи интервенции, а уште 400 може дополнително да се ангажираат. Во случај на големо невреме и опасност по мрежата според договорите со надворешни компании може да се вклучат дополнителен број електромонтери.

Сите активности на ЕВН се насочени кон успешно справување со предизвиците на зимата. Останува и натаму апелот за рационално користење на енеријата и за заедничко делување против крадците на елетричната енергија.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Бислимовски: Цената на парното греење во Скопје ќе биде стабилна до следното лето

Почна грејната сезона во Скопје

Катерина Ѓуровски

Грејната сезона почнува на 15 октомври, Регулаторна апелира да се платат сметките и да се проверат инсталациите

Катерина Ѓуровски