В.Д. селекторот на македонската фудбалска репрезентација Зоран Стратев по синоќешниот висок пораз од Србија изјави дека е разочаран од одредени играчи.
– Иако доживеавме тежок пораз им честитам на оние кои се обидуваа да направат нешто и го даваа максимумот. Меѓутоа некои играчи потполно ме разочараа покажувајќи недисциплина. Имаше и такви кои сакаа да бидат заменети, некои се расправаа на теренот и затоа крајниот резултат е таков, истакна Стратев.
Тој не сакаше конкретно да каже кои се фудбалерите кои потфрлија и најави анализа за случувањата во Јагодина за поразот со 5:1.
Стратев ја пофали домашната селекција оценувајќи ја за класа подобра од македонската, а за српските фудбалери рече дека се пример како треба да се бори за својата земја.