Далавекурас: На Груевски спорот му треба само за пропаганда

Од:

Грчкото министерство за надворешни работи обвини дека македонскиот премиер не сака решение за името, туку да го користи само за лична пропаганда.

„Изјавите на македонскиот премиер Никола Груевски се дел од постојаната, заморувачка пропагандна реторика за внатрешна употреба“, реагираше официјална Атина по средбата на Груевски со Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки-Мун во Скопје.

Портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи, Григорис Далавекурас рече дека Груевски не ја искористил средбата за напредок во надминувањето на спорот со името, туку за повторување на пропагандната реторика. „Напротив, се потруди да ја злоупотреби.

Уште еднаш се ангажираше да продолжи да ја негува познатата пропаганда за слабоста или немањето волја од грчка страна. Тоа е неточно, лажно и постојаната непопустливост на премиерот Груевски во текот на неговиот мандат само го потврдува ова”, изјави Делавекурас.

„Од наша страна нема да ја следиме логиката на вештачко влошување на работите, нешто кое се обидува да го предизвика премиерот Груевски за внатрешни цели. Го кажуваме она што се подразбира: за да има решение владата на Грција бара еден искрен соговорник”, рече Делавекурас.

„За сите останати работи на кои се сетил премиерот Груевски, можам само да кажам дека таму кај што завршува логиката започнуваат фантазиите. За среќа, разумниот соседен народ се помалку го слуша”, вели портпаролот на грчкото МНР.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски