Силниот тајфун „Нари“ кој рано утрово го погоди централниот дел на Виетнам, уби пет лица и создаде материјална штета, соопштуваат државните медиуми.
Невремето кое во текот на викендот на Филипини одзеде 13 животи, во Виетнам корнеше дрвја, однесе кровови на илјадници куќи и ги блокира патиштата, пренесе „Франс прес“.
Училиштата денес во градот Дананг во кој тајфунот со брзина од 133 километри на час направи големи штети денес се затворени. Поради опасноста од тајфунот „Нари“, повеќе од 120.000 лица се евакуирани.
Минатиот месец тајфунот „Вутип“, однесе неколку човечки животи и направи голема материјална штета, при што уништи околу 200.000 куќи.
Во Виетнам каде што речиси секоја година се случуваат од осум до десет тропски бури, од почеток на септември животот го изгубија 45 лица, покажуваат официјалните податоци.
Елена Георгиевска