Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром денеска со почеток од 18 часот во Рига (Летонија) против истоимениот домашен клуб ќе го одигра премиерниот натпревар во второто по квалитет европско натпреварување – Еврокупот.
МЗТ Скопје е првиот клуб од Македонија што ќе играа во УЛЕБ Еврокупот, а своето учество го обезбеди по добиената вајлд-карта.
Освен во Еврокупот „аеродромци“на меѓународен план се натпреваруваат и во АБА лигата, а со домашните првенство и куп, сезонава со предизвици се соочуваат на четири фронта.
Двојки за 1.коло од Г-групата во Еврокупот: Рига – МЗТ Скопје Аеродром, Банвит – Калев Талин и Макаби Хаифа – Уникс Казан.