Оштетени автомобили на фудбалерите на Црвена Звезда

Од:

Продолжуваат инцидентите кои ги предизвикуваат навивачите на фудбалските клубови од Балканот. Откако неодамна во Хрватска дивееја навивачите на Хајдук, во Бугарија навивачите на Левски го соблекоа тренерот, ноќеска во Белград навивачите на фудбалскиот клуб Црвена Звезда ги искршија стаклата на автомобилите на играчите и внатре им фрлија пакувања шампон.

Како што јавуваат српските медиуми инцидентот се случил на паркингот покрај стадионот „Маракана“ како реакција на соопштението кое до јавноста го испратија играчите на поранешниот европски и светски првак.

Тие ја потенцираа екстремно тешката состојба во која се наоѓа клубот па дури се пожалија дека во соблекувалните немаат ниту шампон.

На оваа реагираше управата на Црвена Звезда со одговор дека играчите со ова соопштение го прекршиле договорот и дека „црвено-белиот“ дрес никој не мора да го носи со сила.

Би можело да ве интересира

Фудбалскиот сојуз на Косово ги тужи Пикси и Србија кај ФИФА

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Србите испуштија победа против Камерун

ВИДЕО: Србија потклекна пред Бразил

Млад српски фудбалер за време на тренинг доби срцев удар и почина

А1он

Вучиќ им вети премија од еден милион евра на српските фудбалери за победа во Португалија

Ана Ололовска

Црвена ѕвезда се соочува со висока казна од УЕФА

Ана Ололовска