Репрезентацијата на Македонија вечерва против Србија ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство во фудбал што идната година ќе се одржи во Бразил.
И двете селекции одамна ги загубија шансите за настап на Мундијалот.
Македонија се наоѓа на последното место и единствено победа против Србија и не освојување на три бода на конкурентите ќе значи избегнување на дното. Во спротивно ќе се случи за првпат во еден квалификациски циклус „црвено-жолтите“ да завршат на последната позиција.
Домашните фудбалери најавија реванш за поразот од Скопје и успешен резултат на за нив неуспешните квалификации.
Натпреварот Србија – Македонија ќе се одигра во Јагодина со почеток од 20 часот и 30 минути.
На другите две средби од последното 10.коло во А-групата играат: Шкотска – Хрватска и Белгија – Велс.
Табела: Белгија 25 бодови, Хрватска 17, Србија 11, Велс 9, Шкотска 8 и Македонија 7.