ЛДП Охрид: Кој е новата Марија Антоанета?

Од:

ЛДП е сериозно загрижена за, како што велат, неекономското однесувањето на в.д директорот на Ј.П Билјанини Извори.

Претпријатието, посочуваат ЈП се наоѓа во сериозна и критична економска состојба од натоварените долгови од минатиот период, и наместо да се бара начини за извлекување од оваа состојба во која се наоѓа, в.д директорот Цветковски продолжува со недомаќинско однесување, организирајќи настани кои не само што немаат економска оправданост туку напротив ја зголемуваат загубата на јавното претпријатие.

„Неофицијално, организираниот кошаркарски натпревар пред некој период, го оптоварил јавното претпријатие со нов сериозен долг. За жал, за сето ова недомаќинско работење, Цветкоски спасот го гледа во отпуштање вработени, спротивно на ветувањата дадени од градоначалникот за време на предизборната кампања дека на нити еден човек нема да му биде неосновано прекинат работниот однос“, велат од ЛДП.

ЛДП потенцира дека како партија од опозицијата секогаш ќе бидат на страна на секој граѓанин кој ќе биде мета на политичка пресметка или пак” жртвено јагне” на новите систематизации кои се подготвуваат, со цел вработување на нови партиски активисти.

„Потенцираме, доколку се случи какво и да било неосновано прекинување на работен однос на кој и да било вработен во кое и да било јавно претпријатие, сокриено под плаштот на нова систематизација, ќе ги искористиме сите демократски процедури кои стојат на располагање за изразување незадоволство.

– ЛДП прашува колку илјади евра за организација на кошаркарскиот турнир го чинеше Ј.П Билјанини Извори, кој е финансискиот ефект и дали в.д директорот е новата локална Марија Антоанета, кој место да изнајде начин да ги сервисира старите долгови и да исплаќа плати на вработените, се реши да даде колачи на граѓаните“, реагира ЛДП.

ЛДП бара од Градоначалникот Бакрачески веднаш да го разреши Цветковски, со што би се спречило понатамошно катастрофално менаџирање со Ј.П Билјанини Извори.

 

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид