Ајановски 11-ти на полумаратонот во Загреб

Од:

Македонскиот атлетичар Кокан Ајановски го освои 11. место на полумартонската трка што денеска се одржа во рамките на 22-то издание на Загребскиот маратон.

Ајановски патеката ја истрча за 1 час 13 минути и 4 секунди и за 42 секунди имаше послабо време од неговиот личен рекорд (1:12.22) поставен на Балканското првенство во полумартон во Орадеа, Романија.

Членот на АК „Работнички“ Ајановски следниот настап ќе го има на 27 октомври на маратонот во Љубљана.

Би можело да ве интересира

Во Крушево маратонците и обожавателите одбележаа 17 години без Тоше Проески

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Падна олимпискиот рекорд во маратонот во Париз

Горан Наумовски

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум