Со одигрувањето на денешните три натпревари комплетирана е програмата од првите четвртфиналните дуели од Купот на Македонија.
Бранителот на пехарот Тетекс на домашен терен одигра нерешено 0:0 со Напредок.
Лидерот на прволигашката табела Металург е пред пласман во полуфиналето откако со 3:0 славеше на гостувањето кај второлигашот Дрита, додека во Битола Пелистер го победи Работнички со 1:0.
На вчера одиграниот натпревар во Штип, Брегалница ја победи Шкендија со 2:1. Реванш натпреварите се играат на 20 ноември.