Најмалку 21 човек загина, а 98 се повредени во денешната експлозија во виетнамска фабрика за пиротехнички средства, која се наоѓа во рамките на еден воен комплекс.
Експлозијата доведе до евакуација на околу 2.000 лица кои живеат во близина на воениот погон Z121, околу 120 километри северно од Ханој, соопшти полицијата, додавајќи дека ситуацијата во воениот комплекс е ставена под контрола.
Засега не се познати причините за експлозијата.