Фудбалерите на Брегалница Штип со минимална предност ќе патуваат на реваншот од четвртфиналето на Купот на Македонија во Тетово кај Шкендија откако денеска во првиот натпревар остварија победа од 2:1. Дуелот се одигра пред полни трибини на Градскиот стадион во Штип, а сите три голови беа постигнати во првото полувреме.
Другите три четвртфинални натпревари од Купот на Македонија на програмата се утре, а двојките се: Тетекс – Напредок, Дрита – Металург и Пелистер – Работнички. Почетокот на натпреварите е во 14 часот.
Реванш дуелите се закажани за 20 ноември.