Најмалку седум лица загинаа, а повеќемина се повредени рано изутрината во експлозија во виетнамска фабрика за пиротехнички средства, во рамките на еден воен комплекс.
Експлозијата доведе до евакуација на околу 2.000 лица кои живеат во близина на воениот погон Z121, околу 120 километри северно од Ханој, соопшти полицијата, додавајќи дека ситуацијата во воениот комплекс се уште не е ставена под контрола.
Засега не се познати причините за експлозијата.